Претседателот Пендаровски во официјална посета на Полска
Објавено: 4 февруари, 2020, во 08:26 часот
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Полска.
Во Варшава, Пендаровски со највисоки државни и воени почести, како што е најавено, ќе биде пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе има и билатерални средби со маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек, и со маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.
Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Полска.
