Македонците во САД в недела ќе навиваат „Медена земја” да добие Оскар
Објавено: 7 февруари, 2020, во 08:37 часот
Обединета македонска дијаспора, организација на Македонците во САД, организира настан во Вашингтон по повод доделување на филмската награда Оскар за која е номинаран и нашиот документарен филм „Медена земја”.
Во соопштение за јавоста испратено вчера, ОМД ги поканува Македонците во Вашингтон да дојдат на настанот на кој оскаровската вечер ќе се прикажува во живо и заедно да дадат поддршка и охрабрување за „Медена земја”. Церемонијата со доделување на наградите Оскар се одржува в недела во Лос Анѓелес.
-Настанот ќе биде одбележан со изложба на фотографии од фестивалот Галичка свадба од фотографот Дејан Станковски и ќе се служи македонска храна и вино, се вели во соопштението.
За првпат во историјата на македонската кинематографија, наш филм е номиниран во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.
