Ивановски: И во најидеален закон, ако нема морал и етика кај тие што го спроведуваат, можат да се појават проблеми

Објавено: 20 февруари, 2020, во 09:21 часот

trendafilivanovski fin

И во најидеален закон, ако нема морал и етика кај тие што го спроведуваат законот можат да се изродат различни проблеми, вели во разговор за „Нова ТВ“ Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставен суд.

„Основното правило секогаш е да се одговори на потребата на владеење на правото, да се одговори на принципите на материјалната вистина, да се дојде до тоа да се оствари основната функција, а тоа е да се контролира и ограничи криминалот којшто се појавува во државата, наведува Ивановски.

Тој истакна дека со донесувањето на измените во законот за ЈО треба да се внимава на примената на законот, на примената на Уставот.

„Како правник којшто го следи системот, мислам дека во практиката наместо застарување се отиде кон застранување, па секогаш се настојува да се изигра принципот на владеење на правото и се гледа како да му се помогне на криминалот, додава Ивановски.

Тој изрази надеж дека со сите овие определби, со сето она што значи навлегување и отворање на процесите за асоцирање кон Унијата, дека сите недоследности кои постојат ќе можат да бидат совладани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.