Почина уште едно лице од трагедијата во Романовце
Објавено: 5 март, 2020, во 09:37 часот
Утринава почина уште еден од повредените во трагедијата со плинската боца што пред две недели се случи во кумановското село Романовце.
Со тоа вкупниот број на загинати достигна седум лица. Станува збор за аџи Елјаса Алими, член на семејството каде што се случи експлозијата.
Несреќата се случи во 10 часот утрото на 23 февруари,годинава, кога експлодираше плинска боца во семејната куќа на Ш.А во село Романовце.




