Владата побара воведување вонредна состојба во целата држава
Објавено: 18 март, 2020, во 12:29 часот
Владата денеска на седница донесе одлука да му предложи на Собранието да предложи вонредна состојба.
Ова денеска го информираше на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, кој истакна дека исклучително сериозната ситуација, пред која се исправени граѓаните, поради заканите по здравјето од коронавирусот, но и врз економијата наложува вонредни мерки.
-Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема дилема и затоа на денешната седница донесовме одука за воведување вонредна состојба на територијата на целата држава сега и веднаш, рече Спасовски


