Од ноќеска, два часа по полноќ, летно сметање на времето

Објавено: 28 март, 2020, во 09:08 часот

letnovreme fin

28.03.2020

Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ.

Веќе од следната година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но оставена е можност секоја членка на Унијата да избере дали ќе остане на летното или на зимското сметање на времето.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.