Време: Денеска дожд и максимални 16 степени целзиусови
Објавено: 31 март, 2020, во 07:46 часот
31.03. 2020
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта, e прогнозата на УХМР за денеска. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Под влијание на влажен и студен воздушен бран, утре ќе има врнежи од дожд, на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2), а на планините снег.
Поради заладувањето и спуштање на температурите само на максимални седум степени, врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка.
В четврток и в петок ќе настапи стабилизирање на времето, ќе има благо покачување на дневните температури, но минималните температури во поголемиот дел од земјава ќе бидат под нулата.


