Филипче: Имаме направено најмногу тестови меѓу милион жители од сите земји во регионот
Објавено: 2 април, 2020, во 16:07 часот
2.04.2020
„Одоборен ни е пристап до Европскиот солидарен фонд и со тоа ние сме рамноправни со сите европски земји во заедничките постапки за банавка на материјали и апарати“, изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Според него, со тоа се изедначуваме со земјите членки на ЕУ во конкурентноста.
Тој и се заблагодари и на холандија за донацијата од цел кабинет за дијагноза, што се состои од машина, кабинети за изолација и 2000 тестови за граѓаните.
„Со оваа лабораторија ќе ги дуплираме капацитетот на сегашната лабораторија во ИЈЗ, која што е донирана преку Меѓународната атомска агенција со седиште во Виена“.
Во врска со тестовите за антитела на болницата „Систина“, Филипче изјави дека тие не се доволни и потребно е лицата задолжително да го направат и тестот за присуство на вирусот и врз основа на тоа, ако се позитивни да влезат во регистарот на заболени во светот.
Филипче изнесе и еден важен податок дека имаме направено најголем број на тестови на милион жители од сите земји земји во регионот.
„Од вкупнот број светски земји, ние сме меѓу првите 30-40 што имаат направено најмногу тестови меѓу жители. Тоа е одличен резултат и не само во тоа, туку и во целосниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните контакти и кластерите“, рече Филипче.
