Денеска врнежи и заладување, стабилизација од петок а за викендот до +20
Објавено: 21 април, 2020, во 08:34 часот
21.04.2020
Облачно со врнежи од дожд гласи прогнозата за денеска на УХМР. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2), локално во форма на невреме со силен југоисточен ветер (над 70км/час). Максималната температура само до 13 степени.
Утре и в четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. В петок и за време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето, а темепатурите повтон ќе се вратат на повеќе од +20.



