АМСМ: Возете внимателно, коловозите на патиштата се влажни

Објавено: 21 април, 2020, во 08:49 часот

vlaznipatista fin

21.04. 2020
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини, информира АМСМ.
Се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ потсетува дека се затворени сите гранични премини за излез и влез во државата, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и лицата со соодветна дозвола од МВР.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.