Локално невреме од среда

Објавено: 27 април, 2020, во 13:29 часот

dozd fin

27.04. 2020
Локален дожд кој наместа ќе биде пороен со грмежи и засилен ветер се очекува веќе од среда во попладневните часови. Претпладне, според прогнозата, ќе биде сончево и топло.

Променливото време со сончеви периоди претпладне и локален дожд, грмежи и засилен ветер попладне, ќе се задржи до сабота.

Максималните температури ќе останат високи односно ќе се движат од 19 до 25 степени, а минималните од 5 до 13 степени.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.