Пристигнаа новите униформи за Армијата

Објавено: 18 јуни, 2020, во 11:13 часот

uniformiarm fin

18.06.2020

Ветено, остварено. Дојдоа новите униформи, напиша на нејзиниот ФБ профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Новите униформи, најави претходно Шекеринска, ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот.

– Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација и никој не очекува работите да се променат преку ноќ, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата откако претседателот Стево Пендаровски ја потпиша Уредбата за преименување на АРМ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.