Денес топло, до +37, од утре нестабилно, посвежо и со дождови
Објавено: 4 август, 2020, во 07:12 часот
4.08. 2020
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец.
Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура до 37 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
Од утре следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.




