Гори Секретаријатот за европски прашања
Објавено: 9 септември, 2020, во 06:41 часот
09.09.2020
Се’ уште гори во Секретаријатот за европски прашања во Скопје, од каде до пожарникарите пред седум часот било пријавено дека гори првиот кат. Според првичните информации, нема повредени.
Во овој дел се просториите на Државниот инспекторат за животна средина и Медиумската информативна агенција. Евакуирана е целата зграда.
На терен излегле повеќе од четири противпожарни возила.

Вработените во Секретаријатот кои пристигнале први, но не влегле во зградата, велат дека пожарот почнал на првиот кат и според нив во зградата требало да бидат само луѓето од обезбедувањето.
Од инспекторатот, каде работното време почнува во 08:30 часот, велат при избувнувањето на пожарот немало вртаботени во нивните простории.
