Сончево со мала локална облачност
Објавено: 10 ноември, 2020, во 09:18 часот
10.11.2020
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје, во утринските и во претпладневните часови магливо, а околу пладне и попладне сончево. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови


