Се роди првото гевгеличанче

Објавено на 11 јануари, 2021 во 12:05

novorodencegevgelija fin

11.01.2021

Во општата болница во Гевгелија, викендов се роди здраво машко бебе, првородено бебе годинава на среќните родители Ивана и Томче Чабулеви од Гевгелија, кои се радуваат на својата трета рожба.

По традиција, гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков, денеска ги посети новороденчето и неговата мајка и на среќните родители, покрај честитките, им упати желби за добро здравје на целото семејство.

– Се гордееме со новиот жител на општината и се надеваме дека годината ќе ни биде здрава, плодна и успешна. Наша првенствена цел е здравјето на граѓаните, па се надеваме дека во 2021 година ќе се справиме со пандемијата од Ковид-19, но истовремено ќе размислуваме и за иднината на новите генерации, рече Поцков.

Градоначалникот Поцков на новореденчето му подари 10.000 денари од Општина Гевгелија и пригодни подароци за него и неговата мајка.

Директорот на општата болница, Митко Крџев, во оваа прилика истакна дека во Гевгелија веќе има доволно гинеколози и искусни медицински сестри за успешни породувања на родилките.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.