Облачно со повремен дожд и снег и температури од 2 до 16 степени
Објавено на 1 февруари, 2021 во 09:05
01.02.2021
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, a на планините во западните делови во земјата со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје врмето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне 13 степени.
Во вторник ќе преовладува облачно време, на места со слаби врнежи од дожд. Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури и со услови за магла по одделни котлини.