Богојески: На располагање ни стојат до 5 милиони вакцини од „АстраЗенека“ од Велика Британија, на потег е Владата
12.02.2021
Петар Богојески од „Македонски концепт“ и понуди помош на Владата за побрза набавка на вакцината против ковид 19. Тој во својот Фејсбук статус вели дека во овој момент ни стојат на располагање до 5 милиони вакцини од Астра Зенека од Велика Британија, кои може да бидат испорачани во Македонија за еден ден.
-Обезбедени вакцини за Македонија!Должност на секој од нас е да помогне на татковината кога и е најтешко! Мачнина ми паѓа кога гледам на каков срам и измачување, потсмев и омаловажување е изложен нашиот народ! Затоа се вложив себе си и своите пријатели од меѓународната заедница, да помогнеме и да обезбедиме вакцини за нашите граѓани.
Вакцините се обезбедени!!!Во моментов додека го пишувам овој статус, на располагање ни стојат до 5 милиони вакцини од Астра Зенека од Велика Британија, кои може да бидат испорачани во Македонија за еден ден, откако нашата Влада ќе направи нарачка!
Моето е сторено! Вакцините се најдени и обезбедени! Сега на потег е Владата. Ќе и бидат ставени на располагање сите потребни информации… да ги донесеме вакцините и да започнеме со најмасовната вакцинација од сите земји во светот и да дојдеме на прво место! Сега не е време за плукање и обвинување, туку секој од нас да помогне колку може! Да си го спасиме народот од болеста! После можеме да се плукаме колку сакаме!, пишува Богојески.