Бесими во Брисел на средби со еврокомесарите Вархеи, Џентилони и Хан
Објавено на 24 февруари, 2021 во 09:12
24.02.2021
Министерот за финансии, Фатмир Бесими од денеска до четврток е во работна посета на Брисел, во рамки на која ќе оствари средби со комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи, со комесарот за економија, Паоло Џентилони, комесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со заменик-генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, Мачеј Поповски.
Во текот на посетата ќе се дискутира за планот за економски раст, за економските реформи, како и за економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, а во чии рамки e и РС Македонија.
