Лекарската комора најстрого го осудува инцидентот во кој беше прегазен познатиот хирург Д-р Јота и бара највисока санкција за сторителот

Објавено на 26 февруари, 2021 во 11:24

lekarska komora

26.02.2021

Лицето кое вчера вечер било прегазено на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски Марко“ и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, е познатиот 58. годишен хирург, Д-р. Ѓорѓи Јота, пренесува Слободен печат.

Лекарската комора на Македонија, најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здоби д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, кој беше беше прегазен од возило на булеварот „Водњанска“ додека го напушташе работното место.

– Особено сме згрозени од фактот што сторителот без да пружи и повика помош го напуштил местото на настанот оставајќи го повредениот во тешка, животнозагрозувачка состојба. Ценејќи ја сериозноста на овој случај упатуваме јавно барање до судско-обвинителскиот систем навремено, сериозно и одговорно да пристапат кон решавање на овој случај, а сторителот да биде најостро санкциониран, додаваат од комората.

Тие се надеваат за позитивен исход од лекувањето на нивниот колега, кој е исклучителен професионалец и кој со години давал огромен и значаен придонес за развој на професијата, едукација на млади лекари и спасување на човечки животи.

Овој случај покажува дека не е потребно подигање на безбедносните стандарди само во здравствените установи, туку и во нивната непосредна околина, каде покрај здравствените работници се движат и лица кои поради здравствената состојба имаат потешкотии во движењето, како и инвалидизирани лица. Неопходно е да се создадат побезбедни услови за работа на здравствените професионалци и за лекување на пациентите, додаваат оттаму.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.