Денеска ќе пристигне пратката од руската вакцина „Спутник V“
07.03.2021
Вакцините ќе ги пречекаат министерот за здравство, Венко Филипче и амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин на скопскиот аеродром околу 14 часот.
Филипче рече дека вакцинацијата треба да почне в среда.
-Од рускиот производител на вакцини ги добивме сите документи за да се спреми административната процедура во агенцијата за лекови, многу веројатно е дека вакцинацијата ќе започне во среда. Од рускиот прозиводител нашата земја има потпишано договор за купување на 200 000 дози вакцини – рече Филипче.
Инфективната клиника целосно е исполнета
По два месеци пауза, модуларната болница кај Инфективната клиника повторно почна со работа. Во изминативе недели функционираше како пункт за имунизација на здравствените работници, тука сега повторно се лекуваат ковид позитивни пациенти.
Ситуацијата се следи, моментно болничките капацитети не се загрозени и секаде има слободни кревети. Досега се одржани повеќе состаноци со Комисијата за заразни болести, анализата за трендот на КОВИД-бројките ќе заврши следната недела кога ќе биде соопштен и ставот по ова прашање, соопшти министерот Филипче.
Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.