Премиерот Заев со министерот за финансии Бесими, на дводневна работна посета во Луксембург
Објавено на 15 март, 2021 во 08:53
15.03.2021
Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе замине во посета на Луксембург. За време на посетата, владината делегација ќе се сретне со претседателот на Европската инвестициска банка, Вернер Хојер, а ќе оствари средба и со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.
Во Луксембург требаше да отпатува и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, но тој во саботата на својот Фејбук профил објави дека е позитивен на ковид-19.
– Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен „гостин”. Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема. Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите, напиша Димитров во објавата.
