Досега 4 782 здравствени работници примиле вакцина, 137 022 граѓани пријавени за вакцинација
Објавено: 15 март, 2021, во 11:52 часот
15.03.2021
Вакцина против Ковид-19 во земјава досега примиле 4 782 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Исто така за вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk”, пак, досега се пријавиле 80.201 граѓани, а 56.821 преку матичен лекар.
Вакцини се очекува да стасаат во секој момент.


