УХМР: Облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Објавено на 7 април, 2021 во 07:42
07.04.2021
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Поврмено врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина.
Од утре ќе настапи стабилизација на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.
Стефани Манева