Денеска ќе се вакцинираат медиумските работници и новинарите против ковид-19
12.04.2021
Над 600 новинари и медиумски работници се пријавиле на повикот и ги исполниле условите за да влезат во првата група на вакцинација. Во оваа група се лицата над 40 години или оние кои имаат хронична болест.
Вакцинацијата ќе се спроведува во салата „Борис Трајковски”.
Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници им препорачуваат на одговорните лица во медиумите на денот на вакцинацијата, како и наредниот ден да ги ослободат новинарите и медиумските работници од работните обврски.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.