Денеска пристигнуваат 10 илјади вакцини на „Фајзер“
Објавено на 19 април, 2021 во 07:34
19.04.2021
Преку Софија до Скопје, денеска попладне треба да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“. Тие ќе бидат донесени и веднаш наместени во фрижидерите. Ќе се аплицираат тековно, за да не се изгуби темпото на имунизација и да продолжи процесот.
„Околу 13 000 граѓани се вакцинирани со вакцината на Астра Зенека, останатите се прераспределени по институциите и пунктовите ширум државата. Во салата Борис Трајковски во тек е вакцинација на постарите граѓани над 73 и 74 годишна возраст со нешто редуцирани термини во однос на тоа што беше претходно со оглед на тоа што многу често и не доаѓаат сами потребна им е придружба“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
