IN MEMORIAM
На седумдесет и седум годишна возраст, вчера во Велес, почина Љиљана Андреевска основач и прва претседателка на Активот на жени пензионерки во Велес. Таа беше поттикнувач на традиционалните активности на жените во градот.
Секако велешани ќе ја паметат како дел од основачките на надалеку познатата манифестација „Благцето на баба“. Пред дваесет години манифестацијата ги поттикна жените да приготвуваат колачи, слатки и торти по рецептите на нивните баби и прабаби. Денеска, дваесет години потоа, „Благцето на баба“ е манифестација која на едно место, во мотелот на велешко езеро, ги собира сите пензионерки од разни краеви на државата. Освен по ова Љиљана Андреевска ќе остане запаметена и по бројни хуманитарни акции од чии материјални прилози и добра се помагаа сиромашни семејства во Велес.
Андреевска денеска во 14.30 часот беше погребана на гробиштата во населба Отовица.
IN MEMORIAM – Почина Илија Чадиев – Чади ( 1955 – 2014)
По кратко боледување, вчера во Скопје, на педесет и девет годишна возраст почина Илија Чадиев – Чади, основач и прв директор на Радио Голди. Неговите посмртни останки денеска ќе бидат изложени во соборната црква „Свети Великомаченик Пантелејмон“ во 12 часот по што ќе биде погребан на семејните гробишта.
Велес и неговите велешани, Илија , ќе го паметат како срдечен и отворен човек, еден од основоположниците на извидништвото, човек кој беше во непосредна комуникација со сите граѓани преку Радио Голди, човек кој зад себе остави слика на вистински пријател, човечност и добрина и една насмевка која засекогаш ке му недостига на градот.
Почивај во мир, пријателе. Вечна Ти слава.
Дума.мк
Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.