Во Грција денеска ограничен влезот на македонски државјани!
Објавено на 1 март, 2013 во 10:22
Поради технички проблеми во системот од грчка страна, денеска, затворени се трите гранични премини кон Грција за Македонците кои годинава не патувале во Грција.
Тие пак што биле во Грција ќе бидат пропуштани со листови.
Странците од други земји нема да имаат проблеми на влез и излез од земјата.
Овој режим на пропуштање на возила и патници ќе трае до попладневните часови./Е.Н.Ј