Водата се повлекува, поплавите оставија пустош во струмичко!
Објавено на 1 март, 2013 во 09:48
Општата состојба после поплавите во струмичкиот регион полека се стабилизира.
Нивото на водата во реките и каналите опаѓа, состојбата на сите пет брани е добра и засега нема опасност од прелевање.
Единствено село кое е отсечено од регионот е Зубово каде што има прелевање на водата на самиот влез во селото.
Таму се прават напори за алтернативен влез, а за потребите на населението е доставена вода за пиење со цистерна, пренесува Југоинфо.ком.