МНР објави телефонски линии за помош на македонските граѓани по катастрофалниот земјотрес во Турција

Објавено на 6 февруари, 2023 во 09:57

По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Република Турција, Министерството за надворешни работи, стапи во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција.

-Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, информираат од МНР.

Бројот на загинати во силниот земјотрес што рано утринава ја погоди југоисточна Турција се искачи на 284, додека најмалку 2.320 се повредени, соопштија локалните власти.

Сириското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати се искачи на 237, додека 639 се повредени.

Тоа е најголемиот земјотрес во Турција од 17 август 1999 година, кога загинаа 17.000 луѓе, од кои 1.000 во Истанбул.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.