МОН: Исплатени се ученичките и студентските стипендии

Објавено на 25 декември, 2024 во 14:35

Министерството за образование и наука информира дека средствата за ученички стипендии за четири месеци и за студентски стипендии за три месеци им се префрлени на постојните и на новите корисници.

Исплатата на стипендиите, отсега ќе се реализира редовно. Финансиската поддршка за учениците и студентите е исклучително важна, затоа што го олеснува процесот на образование и стимулира заложба за подобри резултати,“ соопштија од МОН.

Од министерството додаваат дека остануваат посветени на младите, а преку добра непосредна соработка, продолжуваат да го подобруваат ученичкиот и студентскиот стандард.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.