МВР: Санкционирани 33 технички неисправни возила
Министерство за внатрешни работи, вчера, од 08:00 до 12:00 часот, спроведе акциска контрола на возила и возачи на територија на државата и 133 возила ги упатиле на технички преглед додека кај 33 биле констатирани вкупни 48 технички неисправности од кои 20 неисправни уреди за сопирање, шест со измината важност на сообраќајна дозвола, четири неисправни светлосни уреди и осум неисправни составни делови.
-Кај 46 возачи биле констатирани прекршоци(29 – бесправно управување на возило, 13 – неносење возачка дозвола, два – управување возило со впишана забрана за управување возило, еден – управување возило по дејство на алкохол и еден – возач почетник кој не се придржувал на законските ограничувања. Преземени се мерки и против 60 непрописно паркирани возила, а откриени биле и 160 останати прекршоци, пишува во соопштението на МВР.
Оттаму информираат дека за сите констатирани прекршоци изречени се соодветни санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбедни сообраќајници.