Наградени со една плата битолските спасувачи кои се вратија од Турција
Битолските спасувачи Петар Нолев, Зоран Балуловски, Владо Николовски, Петре Илиоски и Игор Радичовски, утрово се вратија од турскиот град Адијаман, каде заедно со другите спасувачки екипи работеа на пронаоѓање и спасување на евентуално преживеани луѓе и извлекување на жртвите, после катастрофалниот земјотрес што се случи минатиот понеделник, пишува веб порталот Апла.мк.
Во спасувачката акција, се вклучиja веднаш после 30 часовното патување, соочувајќи се со тешки состојби и огромна тага во разрушениот турски град. Сепак, желбата да се помогне во спасувањето на човечки животи, велат, беше доволно силна, да се работи се додека за тоа постои надеж.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој денес ја пречека спасувачката екипа во својот кабинет, заблагодарувајќи им се за нивната хуманост и пожртвуваност, спасувачите ги награди со по една просечна плата.
Повеќе на: Апла.мк
Дума.мк