Нè очекува сончево и топло време
Објавено на 5 мај, 2023 во 09:30
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови претежно во југоисточните делови ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степена.
За време на викендот ќе преовладува претежно сончево и топло време. Утре и во недела во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
До средината на следната седмица времето ќе биде променливо, локално нестабилно со дожд и грмежи, соопшти УХМР.
Дума.мк