Нема препораки за нови рестрикции поради делта сојот

Објавено на 5 јули, 2021 во 12:40

Комисијата за заразни болести  на денешниот состанок не препорача нови мерки за заштита од индискиот сој на корона вирусот. Според членовите на комисијата во  земјава ситуацијата со епидемијата е под контрола и нема потреба од препорака за нови меки за заштита на граничните премини и воведување на задолжителен ПЦР тест за влез во земјава.

Во земјава веќе неколку дена е драстично намален бројот на заразени лица, активни со ковид-19  се 151 лице и нема нови починати како последица на коронавирусот.

Индиската мутација на коронавирусот е  веќе раширена во стотина земји во светот. СЗО анализира дека таа брзо се шири во земји и со високо и ниско ниво на имунизирани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.