Ниска облачност и магла, од сабота температурата ќе опадне за неколку степени
Објавено: 10 ноември, 2022, во 09:16 часот
Времето претпладне во поголем дел од земјава со ниска облачност и слаба магла, а на планините сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста и маглата ќе се намалат.
Утре ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.



