Обилни врнежи и можно локално невреме
Објавено: 8 ноември, 2025, во 09:09 часот
„Обилните врнежи кои што ја зафатија Македонија изминатата ноќ ќе продолжат до вторник, 11 ноември. Повремено ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец којшто ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.
Локално ќе наврне позначително количество на воден талог, над 35 литри на метар квадратен дожд. И во Скопје и околината до вторник ќе врне дожд, повремено обилно и поројо со услови за појава на грмежи. Исто така ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.
Локално, процесите ќе бидат застапени во форма на невреме проследено со обилни порои, силен ветер и со електрични празнења.
Температурите ќе бидат над просекот за овој дел од годината, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува до 15и 16 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


