Од денес нови правила на ЕУ: Дознајте колку пари можете да пренесете преку границата

Новите правила за контрола на готовина и вредни предмети што влегуваат и излегуваат од ЕУ стапуваат на сила денес, при што сите патници кои влегуваат или излегуваат од ЕУ треба да пополнат декларација за готовина кога носат 10.000 евра или повеќе во валута или еквивалент во други валути, како и други средства за плаќање како што се патнички чекови или меници.
Од утре во ЕУ ќе се применуваат голем број измени, што дополнително ќе ги заостри правилата и уште повеќе ќе го отежни движењето на големи количини на „неоткриени“ пари. Европската комисија наведува дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против перењето пари и изворите на финансирање тероризам.
Прво, дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе биде проширена и сега вклучува златници и одредени други златни артикли. Второ, царинските власти ќе можат да постапуваат по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминална активност.
Царинските власти сега, исто така, може да побараат да се направи декларација кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба со пошта, стока или курир.
