Од ноќеска нови цени на горивата

Објавено на 31 мај, 2021 во 13:00

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информира дека е донесена одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % во однос на Одлуката од 25 мај,  година.

-Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ,  се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство не се менува, односно останува на исто ниво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување:  бензинот за 1,853 %, дизелот за 1,775 % и екстра лесното масло за 1,822 % и кај мазутот зголемувањето е за 1,395 %.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.