Падобранци на НАТО предводени од Обединетото Кралство ќе спроведуваат обука во Северна Македонија
Од 24 март, војнициод осум земји на НАТО почнаа да пристигнуваат во Северна Македонија за вежбата БРЗ ОДГОВОР 22 [SWIFT RESPONSE 22]; вежба на сојузничките воздухопловно-десантни сили, што е дел од пошироката серија вежби кои се одржуваат низ цела источна Европа.
1.800 падобранци од 16-та воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство пристигнаа во Северна Македонија за да одржат обука заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и силите од Северна Македонија на четири различни локации низ земјата.
Во текот на следните недели 2.700 војници од Албанија, Франција, Грција, Италија, Северна Македонија, Црна Гора, Обединетото Кралство и САД ќе спроведат обуки, вклучително и обука со боево гаѓање, како и дневни и ноќни скокови со падобран. На обуката ќе се демонстрира способноста на земјите-членки на НАТО да се распоредат насекаде низ светот и способноста на нивните војници да работат заедно професионално и успешно. Оваа годишна вежба, која годинава се случува во Северна Македонија, е клучен придонес за европската безбедност, која има за цел да испорача сили со висока готовност во низа улоги, да го зголеми го капацитетот и да ги дополни НАТО и другите европски и глобални безбедносни аранжмани.
Распоредена е 16-та воздушна јуришна бригада со 1.800 војници – падобранци, инженери, артилерија, логистичари, медицински лица, воено разузнавање, специјалисти за комуникации, армиски воздухопловен корпус, кралски воздухопловни сили, механичари и специјалисти за уништување на експлозивни убојни средства. Бригадата се распоредува во вежби и операции на глобално ниво со сите возила и опрема потребни за самоодржливост, вклучувајќи хеликоптери, теренски транспортери на тркала и гасеничари, артилериски пушки и мноштво логистички и инженерски возила.
Командантот на кралските инженерски падобранци, потполковник Џек Кросли, е во Северна Македонија од 24 март. Тој го надгледуваше движењето на бригадата од Обединетото Кралство кон Северна Македонија. Потполковник Кросли истакна: „Движењето на речиси 2000 британски војници и сите возила и опрема што доаѓаат со една бригада низ Европа и во Северна Македонија беше огромна задача, која немаше да можеме да ја направиме толку ефикасно без поддршката на Владата на Северна Македонија и вооружените сили.”
Потполковникот Џек Кросли продолжи,“Имавме исклучително топло добредојде и сега се сместивме и сме подготвени да ја започнеме главната вежба со војниците од Северна Македонија и шест други партнерски земји“.