Паѓа цената на нафтата, најниска во последните две недели

Објавено на 26 април, 2022 во 09:22

Цената на нафтата на светскиот пазар денеска падна за околу шест отсто и е на најниско ниво во изминатите две недели поради загриженоста предизвикана од продолжувањето на блокадата во Шангај воведена за сузбивање на ширењето на ковид 19, како и потенцијалот каматните стапки се зголемуваат во САД.

На лондонската берза цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море падна за 6,17 долари и сега изнесува 100,48 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта беше пониска за 5,91 долари и сега изнесува 96,16 долари за барел.

На цената на нафтата влијаеше и растот на доларот во однос на другите валути поради можното зголемување на каматната стапка во САД.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.