Кандидатите за лидер на СДСМ ја започнаа кампањата!
Кире Наумов, кандидатот за лидер на СДСМ, денеска ја презентираше програмата за иднината на партијата. Се залага за враќање на вистинските социјалдемократски начела, со примена на современите практики од европските левичарски партии.
Наумов оценува дека се води генерално фер кампања. За транспарентниот начин на изборот на нов претседател во иднина, освен СДСМ, ќе мора да ја практикуваат и останатите партии.
Не успеа обидот на раководството да го редуцира бројот на кандидати за претседател во име на поголемо единство. Тоа нема да ја наруши демократската атмосфера пред и на самиот Конгрес, смета кандидатот за претседател, Зоран Заев.
Во наредните осум дена ќе се промовираат кандидатите за нов лидер на опозицијата. Потоа за нив ќе одлучуваат 700 делегати на изборниот конгрес, наредната недела.
Делегатите ќе одлучат по кој пат ќе се движи Македонија, смета кандидатот Зоран Јовановски.
Четвртиот кандидат за лидер на партијата е Игор Ивановски.