Ивановски се повлекол од трката за лидер на СДСМ!
Објавено на 1 јуни, 2013 во 14:59
Eден од четворицата кандидати за лидер на СДСМ Игор Ивановски се откажал од биктата, јави 24 Вести. Тој денеска најавил дека се откажал од трката за лидер.
Како што јави телевизијата Ивановски денеска ја депонирал својата оставка од лидерската трка. Порачал дека нема намера јавно да повика за кого од останатите тројца кандидати да гласаат неговите поддржувачи.
Во трка за претседателската функција во СДСМ остануваа Зоран Заев, Кире Наумов и Зоран Јовановски.