Заев ја формира првата постава на СДСМ!

Објавено на 14 јуни, 2013 во 19:33

Професорите Ванчо Узунов и Фросина Ременски, Дамјан Манчевски и Александар Кирачовски од Битола се новите потпретседатели на СДСМ.  Ова е првата постава на тимот на Зоран Заев, новиот лидер на СДСМ која ја доби подршката на новиот Централен одбор на партијата.

Пратеникот Оливер Спасовски е  генерален секретар на партијата, а професорката Рената Дескоска Треневска ќе претседава со Централниот одбор. Јован Деспотовски ќе биде генерален секретар.

Заев на почетокот од седницата ги соопштил и имињата на петте нови членови на ЦО, а сите ќе бидат на високи партиски позиции – ванчо Узунов стана потпретседател, Петар Атанасов,  Тања Прентовиќ и Ѓоко Танасовски членови на Извршниот одбор, а Есад Рахиќ најверојатно ќе ја води градската организација на Скопје. Токму на неа Заев полага големи надежи во иднина што го најави попладнето по средбата со Иницијатовниот одбор за собирање потписи за Црвенковски, кој дојде да му искаже поддршка за натамошните чекори, јави Алфа.

Во Извршниот одбор влегоа и Хари Локвенец, Максим Димитриевски од Куманово, Ванчо Ѓорѓиев од Кочани и 10 други кои досега не биле на ниту една позначајна позиција во редовите на социјалдемократите. Што, заедно со фактот, дека нема ниту еден од довчерашните партиските функционери, упатува на првичен заклучок дека Заев сака да направи кадровски дискунтинуитет од Бранко Црвенковски.

Вечерва беше донесена одлука новиот конгрес, 15-ти по ред да се одржи на крајот на јуни, но кој ќе се донесе и најавената статутарна измена, Радмила Шеќеринска да биде заменик претседател на СДСМ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.