Исти амбасадори – во различни држави

Објавено на 3 јули, 2013 во 10:08

Ќе ротираат  амбасадорските места во странските држави.

Неофицијално станува збор за 10 амбасадорски места.

Се очекува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски, да отпатува во Вашингтон. Не се знае како ова ќе се изведе, затоа што мандатот на актуелниот амбасадор, Зоран Јолевски, му е продолжен до 2015.

Актуелниот амбасадор, Никола Димитров, се очекува да биде нов амбасадор во Москва.

Дневник дознава дека актуелниот амбасадор во Кина, Оливер Шамбевски, ќе замине за Рим. Веле Трпевски од Тирана оди во Австралија, а Стојан Карјанов само малку ќе се помести во Тирана од Приштина.

Во Виена се очекува Василка Треневска, сопругата на актуелниот НАТО амбасадор, Мартин Треневски. Загреб го очекува поранешниот министер за надворешни работи, Анотнио Милошоски.

Конзулот од Солун, Тони Димитровски, се очекува да замине во Љубљана, од таму Игор Попов да се премести во Хаг, на местото на Никола Димитров.

Се спомнуваат неофицијално и Газменд Илјази, Екрем Ебиби, Мехмет Наим и Шабан Јашари, за мандати во Женева, Берн, Копенхаген и Катар.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.