Новите македонски амбасадори: Ѓеоргиевски во Њујорк а Божиновска во Белград!
Љупчо Ѓоргиевски, син на сопругата на Срѓан Керим, ќе биде новиот амбасадор во седиштето на ООН во Њуjорк додека Валентина Божиновска најверојатно ќе ги релизира своите амбиции да замине како амбасадор во Белград, дознава НОВА.
Порталот објави дека Ѓорѓиевски Љупчо е актуелен шеф на оделот за ООН во министерството за надворешни работи. На ова функција е ангажиран неодамна и без претходно искуство во дипломатијата. По краткиот престој во МНР, Ѓеоргиевски заминува на престижната дипломатска функција во Њуjорк.
Валетнина Божиновска пак нема никакво дипломатско искуство и во Белград ќе замине од функцијата директор на Агенцијата за односи меѓу верските заеднци.
Весникот Дневник дознава дека поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски ќе биде амбасадор во Вашингтон, на местото на Зоран Јолевски, а амбасадорот во Хаг, Никола Димитров, ќе биде нов амбасадор во Москва.
Амбасадорот Веле Трпевски од Тирана оди во Австралија, а амбасадорското место во Албанија ќе биде пополнето со Стојан Kарајанов, кој е амбасадор во Приштина. Kонзулот во Солун, Тони Димитровски, како што велат извори на „Дневник“, треба да биде нов амбасадор во Љубљана. Актуелниот амбасадор од Љубљана, Игор Попов, се очекува да замине во Хаг, на местото на Никола Димитров.
Според неофицијални информации, нов амбасадор во Загреб ќе биде пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, како што веќе објавија дел албански медиуми.