Денеска ад хок комисијата треба да донесе решение

Објавено на 23 август, 2013 во 08:02

Ад хок комисијата, денеска, треба да донесе заклучоци за настаните во Собранието  на 24 декември. Сега лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев треба да пресечат. Токму тие го имаат крајниот збор, рече вчера претседателот во оставка на комисијата Борче Давитковски.

Груевски соопшти дека влогот за државата е голем.
– ВМРО-ДПМНЕ цело време е фокусирана и посветена дијалогот да успее, а од друга страна гледаме дека СДСМ повеќе е фокусирана на порталите што ги контролира и на тоа да пуштаат некои сплетки, манипулации, а помалку се фокусирани на решавање на проблемот, рече Груевски.

Радмила Шекеринска од СДСМ рече дека решението е возможно ако сите го преземат својот дел од одговорноста.
-Клучното прашање што Груевски не го одговори е што тој и ВМРО-ДПМНЕ направија проблемот да го оставиме зад нас. Наместо тоа гледаме сценарија да се минираат разговорите. Но ние  ќе работиме за интересите на државата и на граѓаните. Сметаме дека решение на Анкетната комисија е возможно, ако сите што учествувале си го преземат својот дел од одговорноста, рече Шекеринска.

Претходно лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев се договорија во периодот што следи да се вложат последни напори за откочување на процесот и донесување решение во врска со извештајот на комисијата. Евентуалниот неуспехот да се постигне договор ќе значи дека нема политички дијалог во земјата и со тоа, дека не се исполнети условите од мартовскиот договор.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.