Попладневна нестабилност со грмежи и врнежи во Македонија
Објавено на 5 јуни, 2025 во 10:10

По сончево и топло претпладне со летни температури, метеорологот Славчо Попоски известува дека попладнево се очекува развој на нестабилна атмосфера над територијата на Република Македонија.
„Во попладневните часови ќе започне формирање на грмотевични конвективни облачни јадра, кои ќе донесат пороен дожд, грмежи, а локално е можно и краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за појава на град“, предупредува Попоски.
Граѓаните се советуваат да внимаваат при движење на отворено и да ги следат најновите временски информации.
Дума.мк
