Поради работа на пат сообраќајот на регионалниот пат село Желино до село Сиричино ќе биде затворен за сите возила
Од 09:00 часот поради изведување работи на пат, сообраќајот на регионалниот пат с. Желино до с. Сиричино поточно УО „Корнер“ до влез на с. Сиричино и обратно, за сите возила ќе биде затворен и истиот ќе се пренасочува по други локални патишта.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.