Поскапуваат бензините и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 да се зголеми за 1,50 денар/литар. Малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство да се зголемат за 1,00 денар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 68,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98 е 70 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 60, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 59,50 за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,800 ден/кг и ќе изнесува 35,243 денари за килограм.
Поскапуваат бензините и дизелот
Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 78 денари за литар, на Еуросупер БС-98 изнесува 79,50 денари за литар, а цената на Еуродизелот ќе биде 69 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното за домаќинство ќе изнесува 58 денари, а на мазутот се зголемува и ќе изнесува 40,086 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14.дневен период изнесуваше 108,815 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесува 45,20 денари.
Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.